Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Грозданоски е нов асистент на селекторот Благоја Милевски во младата репрезентација на Македонија.
Грозданоски е именуван во стручниот штаб на селекцијата до 21 година, на местото на Звонко Златановски кој сега ќе биде дел од Академијата на ФФМ. Досега, прославениот македонски фудбалер беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата до 19 години.
Македонските надежи, по подолг период, во недела ги очекува првиот репрезентативен собир како дел од подготовките за продолжението на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП. Македонија на 3. септември на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ја пречекува репрезентацијата на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА