Со заминувањето на Благоја Милевски, од националниот тим се повлекува и неговиот комплетен стручен штаб кој изминативе повеќе од четири години беше со него во сениорската репрезентација, а поголемиот дел од нив и претходно во младата репрезентација до 21 година.
Асистентот на Милевски, легендата на Вардар и македонската репрезентација Влатко Грозданоски преку официјална објава на социјалните мрежи се збогуваше од националниот тим истакнувајќи дека е горд што бил дел од селекцијата во период кога се постигнати најголемите успеси на репрезентацијата во историјата
„Секој почеток има и свој крај. Една убава 4,5 годишна приказна со А репрезентацијата на Македонија, за мене место кое имав можност и како фудбалер претходно 10 години да го искусам. Имаше повеќе убави и нормално помалку неубави моменти. Благодарност до играчите, стручниот штаб (Моцо, Вукса, Џоле, Ага), а посебно до селекторот Боби Милевски од кого јас како млад тренер сум среќен што имав можност да учам и да напредувам во оваа професија зато што Боби е, со должна почит према сите колеги, најдобриот тренер во Македонија“ – вели Влатко Грозданоски и дополнува:
„Бројките и успесите говорат сами по себе. Два баражи за Светско првенство во два циклуса за светско, промоција во Б дивизија на Лига нации од два циклуса на Лига Нации, 14 квалификациони натпревари без пораз (две години) и неколку други рекорди како победи во низа, натпревари без примен гол, победа над Италија (актуелниот европски првак), позитивни резултати против Англија, Италија, Белгија….. Да бидеме реални, не сме светска велесила во фудбал“.
View this post on Instagram
Во стручниот штаб на Благоја Милевски беа и асистентите Роберт Стојановски, Искендер Јонузи, кондицискиот тренер Владимир Вуксановиќ и тренерот на голманите Ѓорѓи Јовановски. Тим менаџер на репрезентацијата беше Зоран Зафиров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

„Секој почеток има и свој крај. Една убава 4,5 годишна приказна со А репрезентацијата на Македонија, за мене место кое имав можност и како фудбалер претходно 10 години да го искусам. Имаше повеќе убави и нормално помалку неубави моменти. Благодарност до играчите, стручниот штаб (Моцо, Вукса, Џоле, Ага), а посебно до селекторот Боби Милевски од кого јас како млад тренер сум среќен што имав можност да учам и да напредувам во оваа професија зато што Боби е, со должна почит према сите колеги, најдобриот тренер во Македонија“