Влатко Костов: Да го вратиме сјајот на вечното македонско дерби!

Најголемото македонско фудбалско дерби меѓу Вардар и Пелистер по долга пауза повторно на домашната прволигашка сцена, денеска од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје во 2. коло од ПМФЛ.

Сосема е јасно дека желбата за бодови е огромна на двете страни. По ремито на првиот меч сезонава, тимот на Влатко Костов верува дека може да се дојде до нов позитивен резултат и од гостувањето со најтрофејниот македонски клуб.

„Нека биде вистински празник на фудбалот. Верувам дека ќе има силна желба на двете екипи за подобро претставување пред навивачите. Во Скопје доаѓаме по добар натпревар против Гостивар во првото коло. Противникот беше фаворит, но ние одигравме тактички зрело со многу борба и успеавме да останеме непоразени. Па, сега во една одлична атмосфера доаѓаме на дербито со Вардар“ – вели стратегот на „пелистерци“, Влатко Костов, кој е убеден дека Вардар сега ќе биде сосема поразличен во однос на првиот натпревар сезонава.

„Вардар сега нема да биде ист како во Струмица. Го анализираме добро противникот. Добро е што играме во вечерен термин, затоа што тоа ќе биде шанса и за подобар фудбал, но и на вистински начин да се врати сјајот и на македонското дерби“.

ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
Штип: ГОСТИВАР – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕСА
ДЕНЕСКА, 20 Ч.
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...