Раководството на ФК Пелистер ги разреши сите дилеми околу тренерската функција за новата сезона, откако денеска и официјално потпиша договор за соработка со Влатко Костов.
Искусниот стручњак во минатото има настапувано како играч за Пелистер, а управата не крие дека со негов ангажман се атакува на влез во Првата лига.
„ФК Пелистер денес постигна договор со Влатко Костов еден од најеминентните тренери во Македонија. Човек кој го носел овој дрес на ФК Пелистер знае што значи ФК Пелистер во Македонија. Со самото негово назначување ги покажуваме своите амбиции а тое е ПМФЛ“, изјави претседателот на битолскиот второлигаш, Митко Стојкоски.
За Костов ова е нов предизвик на македонската сцена откако последен ангажман му беше како предводник на Тиквеш.
„Мене ми е чест што ја добив довербата од клуб каков што е ФК Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е ПМФЛ и од првиот ден ќе работиме на тоа“, истакна Костов по потписот на договорот со битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА