Вечерашниот натпревар против Чешка за Влатко Митков (36) ќе биде последен во дресот на македонската репрезентација. Искусниот десен бек реши во овој завршен меч во квалификациите за пласман на ЕП 2018 во Хрватска да се прости од националниот дрес пред македфонската публика во „Борис Трајковски“.
Пред почетокот на натпреварот, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на Митков му врачи врамен дрес. Во името на репрезентативците традиционалниот подарок му го врачи капитенот Кире Лазаров.
Својот последен натпревар вечерва во „Борис Трајковски“ го водат и француските судии Тиери Денц и Денис Ребел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА