Поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Митков (36) и во наредните две години ќе настапува во Австрија, но од Кремс се слеи во Брегенц. Искусниот десен бек со Брегенц потпиша договор на две години.
„Со посветеноста на Влатко не само што добивме квалитетен и искусен играч, туку и играч кој може да преземе одговорност во многу сегменти и да биде пример за помладите“ – изјави тренерот на Брегенц, Јорг Лицелбергер.
За Митков ова ќе биде трет австриски клуб во кариерата. Македонскиот интернационалец во Австрија дојде во сезоната 2011/2012 од германскиот Балинген во редовите на Барнбах. По една сезона се пресели во Кремс, а во наредните две ќе игра за Брегенц. Во австриското првенство, Митков досега има постигнато 861 гол или во просек по 143 гола по сезона што го профилира во еден од најдобрите стрелци во Австрија.
Својата интернационална кариера ја почна во 2003 година, а во изминатава деција и пол, најдолг период помина во Германија каде настапуваше за екипите на Вецлар, Хам и Балинген.
Влатко Митков лани ја заврши репрезентативната кариера во дресот на макеоднската репрезентација за која има одиграно над 90 натпревари. Во меѓувреме, Митков доби и австриски пасош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА