Влатко Неделковски е нов декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Професор д-р. Влатко Неделковски е избран за нов декан на Факултет за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Неделковски дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје во 2002 година со просечен успех 9.21, по што е вработен на Факултетот како помлад асистент на катедрата по ракомет, за да веќе во 2011 година е избран за асистент магистер на предметот ракомет. Потоа следи патот до докторската титула, секако со специјализација на темите на ракометната игра.

Влатко Неделковски на водечката функција во најзначајната домашна спортска научна институции ја наследува Ленче Алексовска која во изминативе години ја извршуваше функцијата декан на Факултет за физичко образование, спорт и здравје.

Се вчитува...