Вардар ја продолжува потрагата по фудбалери за зимскиот преоден рок кои би дошле како засилувања. ЕКИПА вчера пишуваше за можноста Тодор Тодороски и Дејан Илиев да го засилат „црвено-црниот“ тим во јануарскиот трансфер период. И додека за Тодороски да се врати шансите се реални, за Илиев засега оди малку потешко, затоа што има договор со романски Арад, а исто така се врати од повреда.
Но, реални се шансите во Вардар да дојде напаѓач. И тоа од Работнички. Станува збор за Влатко Стојановски, кој како слободен од Работнички би го засилил Вардар во јануари. Стојановски штотуку се врати од тешка повреда, и ги одигра првите минути после долго време, би можел да ја смени средината. Во есенскиот дел поради повредата одигра само на три меча, односно вкупно 39 минути.
Во минатото настапуваше за неколку странски екипи меѓу кои и Септември Софија, Горица од Хрватска, потоа во француски Нимс, па во Шамбли, а беше и во Дугопоље, Сплит… Во Македонија играше во Металург, па во Ренова, беше малку и во Шкендија, и сега во Работнички. Беше и репрезентативец на Македонија, за која има одиграно 10 натпревари и постигна два гола. Беше дел и од Европското пренство 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА