Влатко Стојановски по епизодата во Септември Софија се врати во Македонија: Заврши во Работнички (ФОТО)

Работнички доби ново име во нападот со ангажирајќи го поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Стојановски.

26-годишниот напаѓач се враќа во македонскиот шампионат и во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на „романтичарите“.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на ФК Работнички. Тоа е клуб со голем традиција во Македонија, поранешен шампион и освојувач на Купот. Прифатив да бидам дел од овој нов проект, кој треба да го врати Работнички во врвот на македонскиот фудбал. Се надевам дека во новата сезона ќе имам полн придонес за таков развој на настаните“, изјави Влатко Стојановски.

Кариерата ја почна во Металург, во Македонија играше и за Ренова и за Шкендија, а беше интернационалец во Хрватска, Франција и во Бугарија. Во Работнички доаѓа од редовите на бугарскиот клуб Септември Софија.

За фудбалската репрезентација на Македонија во периодот до 2020 година има десет настапи и два постигнати гола.

Се вчитува...