Ансу Фати потврди дека станува збор за тинејџер пред кого е блескава иднина во светскиот фудбалер откако младиот фудбалер на Барселона блесна кога беше најважно за неговиот тим.
Барса одигра катастрофално прво полувреме против Осасуна и се најде во негатива од еден гол, а во ситуација кога ги нема Меси, Суарез и Дембеле, тренерот Валверде реши во игра да го уфрли 16-годишниот Фати. Тој влезе на теренот во 46. минута, а само пет минути подоцна постигна прекрасен погодок со глава, покажувајќи дека на него може да смета сериозно.
Со овој погодок Фати стана најмлад стрелец во историјата на Барселона во Ла Лига, прв играч на каталонскиот гигант кому ова му успеало на 16-годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА