Езгјан Алиоски во третиот натпревар го постигна и својот прв погодок во дресот на Лидс јунајтед, откако се запиша меѓу стрелците на денешниот пријателски дуел со шпанскиот прволигаш Еибар.
Македонскиот ас влезе во игра во второто полувреме, при негатива на својот тим од 0-3, за неполни 30 минути подоцна да се запише меѓу стрелците, намалувајќи го резултатот на 2-3.
Лидс на крајот претрпе пораз од 2-4, но Алиоски како и на претходниот меч со Борусија Менхенгладбах повторно беше меѓу најдобите во својот тим, во периодот што го мина на теренот.
Лидс јунајтед без победа (два порази и едно реми) ги заврши подготовките во Австрија и се враќа назад на „островот“, каде Алиоски и соиграчите ќе ги продолжат подготовките за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА