Влезниците за Македонија – Италија до 21 година ќе чинат 200 денари

Од утре во 10:00 часот започнува продажбата на влезници за квалификацискиот натпревар на младата репрезентација на Македонија до 21 година против Италија, кој ќе се одигра на 9 септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Влезниците по цена од 200 денари можат да се купат On-line преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.

После цели 31 година, Македонија повторно игра во Битола. Прв и последен пат тоа беше во 1994 година, против Шпанија, токму со репрезентациите до 21 година.

Се вчитува...