Влезниците за мечот Работнички – Тре Пене по цена од 150 денари

Работнички в четврток ќе го пречека претставникот на Сан Марино, тимот на Тре Пене, на реванш дуел во Скопје, а влезниците за овој меч, како што информираат од клубот, ќе се продаваат по цена од 150 денари. „Романтичарите“ ќе бидат домаќини на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Работнички, преку својата интернет страница информираше дека клубот од денеска ги пушти во продажба преку мрежата на МК Тикетс билетите за реванш натпреварот со Тре Пене, во рамките на квалификациите за Лигата на Европа. Истите можат да се набават онлајн, а на денот на натпреварот и пред самиот влез на комплексот на ФФМ.

Се вчитува...