Петра Влхова е победничка на слаломската трка што се возеше денеска во Крањска Гора, намалувајќи ја негативата во однос на водечката Микаела Шифрин која остана без пласман по направената грешка во првото возење.
Влхова беше најдобра и по првата трка, а во прилог и одеше што второпласираната во ова возење, Хрватката Леона Поповиќ се повреди при пад пред целната линија на првата трка, што се одрази врз нејзиното издание во второто возење. Поповиќ на крајот го освои 11. место, а Влхова без проблеми се задржа на лидерската позиција, со вкупно време 1:47.62. На второто место се најде Лена Дуер од Германија со време од 1:48.34, а третопласирана беше Американката Џозефин Хурт со време 12:48.49.
Американката Микаела Шифрин останува на чело во генералниот пласман со 929 бода, Влхова е второпласирана со 722, пред Италијанката Федерика Брињоне со 697 бода сезонава во Светскиот куп.
Шифрин е водечка и во слалом, Американката има 430 бода, но Влхова сега има 425 и сериозно се приближи во трката за овој „мал кристелен глобус“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА