Словачката скијачка Петра Влхова е победничка на првата слаломска трка во сезоната во алспко скијање која се возеше во финскиот ски центар Леви. Словачката до победата стигна со вкупно време од 1:50.11 стотинки што беше за 18 стоти делови од секундата побрзо од Микаела Шифрин која по пауза од 300 дена се врати во алпското скијање.
Третото место и припадна на Австријката Катарина Листбергер која доцнеше 57 стотинки зад времето на победничката.
Утре на програмата во финскиот ски центар е уште една, втора слаломска трка сезонава кај дамите во Светскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА