Лидерот во второлигашката конкуренција Академија Пандев триумфираше убедливо со 4-0 против Вардар Неготино во заостанатиот натпревар од 21. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Мечот претходно беше одложен поради трагичната смрт на 15-годишниот член на Академија Пандев и младински репрезентативец Филип Лазаревски. Токму во негова чест денеска одиграа фудбалерите од Струмица и победија. Стрелци на головите за Академија Пандев беа Зоран Балдовалиев и Александар Мишов, кои стрелаа во два наврати.
Во последниот дуел од 21. коло, Скопје со 2-0 го победи Тиквеш со головите на Мартин Христов и Ѓоко Алексовски.
ТАБЕЛА: Академија Пандев 50 бодови, Скопје 38, Новаци 35, Еуромилк 33, Хоризонт Т 32, Влазерими 24, Металург 24, Вардар Неготино 19, Тиквеш 19, Тетекс 18 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА