ВМФЛ: Беса во финишот се спаси од пораз, Пелистер и натаму без грешка

Се одиграа натпреварите од 17. коло во Втората лига, во која Беса направи „кикс“ и одигра само 1-1 на гостувањето во Струмица кај Беласица.

Струмичани имаа предност, но Филип Алексовски во 86. минута од средбата донесе израмнување и бод за лидерот на табелата.

Сепак, и покрај нерешениот резултат, Пелистер немаше шанси да стигне, иако битолчани триумфираа на локалното дерби против Новаци со 1-3. „Пелистерци“ со тоа малку му се доближија на лидерот, сега разликата е пет бодови. Головите за Пелистер ги постигнаа Христов, Спиркоски и Танушев.

Походот кон првата лига го продолжува и екипата на Детонит, која триумфираше на домашен терен со Скопје.

На дното, Каменица Саса одново загуби, додека Осогово освои важни бодови за опстанок, совладувајќи го Тетекс со 4-0. Победа, пак, ја продолжува агонијата, и беше поразена од Башкими со 0-1 на свој терен.

ВТОРА ЛИГА, 17. КОЛО

БЕЛАСИЦА – БЕСА 1-1

ДЕТОНИТ – СКОПЈЕ 1-0

КАМЕНИЦА САСА – АРСИМИ 2-3

КОЖУФ – ВАРДАР Н. 0-1

НОВАЦИ – ПЕЛИСТЕР 1-3

ОСОГОВО – ТЕТЕКС 4-0

ПОБЕДА – БАШКИМИ 0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...