Фудбалерите на Гостивар се есенски шампиони во Втората фудбалска лига на Македонија, откако во последното 15. коло од овој дел од шампионатот славеа на домашен терен со убедливи 5-1 над Караорман.
До убедлива победа стигна и Воска на домашен терен против „фенерџијата“ Борец од 6-0. До победа стигна и Пелистер кој славеше на гостувањето кај Каменица САСА со 1-2. Интересен натпревар одиграа Беласица и Охрид кој заврши без победник 1-1.
Претходно вчера, најтрофејниот македонски клуб Вардар славеше над Кожуф во премиерниот меч од оваа рунда со 2-0.
ВТОРА ЛИГА 15. КОЛО:
ГОСТИВАР – КАРАОРМАН 5-1
ВОСКА – БОРЕЦ 6-0
КАМЕНИЦА САСА – ПЕЛИСТЕР 1-2
БЕЛАСИЦА – ОХРИД 1-1
БЕСА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 2-0
СЛОГА ВИНИЦА – ДЕТОНИТ ЈУНИОР 1-2
ТЕТЕКС – АРЕСИМИ 0-2
(ВЧЕРА) ВАРДАР – КОЖУФ 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА