ВМФЛ: Гостивар прв го зеде „скалпот“ на Вардар, Воска е нов лидер

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го забележа првиот пораз сезонава во Втората македонска фудбалска лига откако во дербито на 9. коло загуби на гоствуањето кај Гостивар со 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 17. минута кога Каланоски искусно изнуди пенал кој самиот го реализираше за водство на домаќините, кое на крајот се покажа како доволно за голем триумф во борбата за елитата.

По киксот на „црвено-црните“ лидерското место во ВМФЛ го презеде Воска која беше сигурна на домашен терен против Тетекс со 4-0. Битолски Пелистер без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Борец со 0-4, додека Караорман одигра реми со Детонит Јуниор 1-1.

ВТОРА ЛИГА 9. КОЛО: 

ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-0

ВОСКА – ТЕТЕКС 4-0

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 0-4

КАРАОРМАН – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-1

СЛОГА ВИНИЦА – БЕЛАСИЦА 1-2

ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) – ОХРИД 0-1

КАМЕНИЦА САСА – АРСИМИ 1-0

БЕСА – КОЖУФ 3-0


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...