ВМФЛ: „Лавовите“ со еден гол до три бода, Брегалница сигурна против Охрид

Водечките два тима во Втората лига, Македонија ЃП и Брегалница беа сигурни на домашен терен во 14. коло во Втората македонска лига. Штипјани со 2-0 го совладаа составот на Охрид, додека Македонија ЃП со 1-0 го совлада Арсими.

Горан Томовски и Давид Стојков беа стрелци за Брегалница во мечот против Охрид. Едниот гол во првиот, и еден во вториот дел.

Македонија ЃП минимално беше подобра од дуелот со Арсими. Единствениот гол го постигна Кире Маркоски во вториот дел, после еден успешен напад во три потези. Арсими се жалеше на голот, мислејќи дека е офсајд. Упатија соопштение иако дуелот беше во тек.

Беласица со 1-0 го совлада составот на Борец во Велес, со гол во второто полувреме. Скопје на лош терен и невозможни услови за игра во Автокоманда го совлада Новаци со 2-0.

Детонит имаше негатива во дуелот со Башкими, за на крај да го совлада со 3-1.

ВМФЛ, 14. КОЛО

БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА 0-1

БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД 2-0

ДЕТОНИТ – БАШКИМИ 3-1

СКОПЈЕ – НОВАЦИ 2-0

КОЖУФ – ПОБЕДА 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 1-0

ОСОГОВО – КАМЕНИЦА САСА 1-3

ВАРДАР Н. – ВАРДАРСКИ 6-1

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...