ВМФЛ: Лесни победи на Брегалница и на Шкендија Арачиново

По минатото коло во кое двата клуба доживеаја изненадувачки порази, двоецот на врвот во Втората македонска фудбалска лига, Брегалница и Шкендија Арачиново без проблеми славеа на своите мечеви од 15. рунда во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија.

Штипјани без проблеми славеа на гостувањето кај Победа со 0-4 и со тоа останаа во чекор со големиот ривал Шкендија Арачиново. Тимот од Арачиново исто така стигна до полн плен без поголеми проблеми откако славеше против  Каменица САСА со 2-0.

Останатите натпревари од оваа рунда во ВМФЛ се одложени поради лошата состојба на терените во нашата држава.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...