Македонија Ѓорче Петров и Арсими се двата тима кои следната сезона изборија пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Откако по казната за Башкими беше сигурно дека „лавовите“ веќе се дел од елитата, денеска тоа го потврди и Арсими со убедлива победа над Вардар Неготино 0-4. Ова за тимот на Арсими е историско прво учество во елитниот шампионат на Македонија.
Башкими славеше на гостувањето кај Брегалница со 0-1 и со тоа обезбеди бараж за ПМФЛ каде ќе игра со Беса. Натпреварот помина во сенка на тешката повреда на фудбалерот на гостите и стрелец на голот за Башкими, Емир Aсани. Третолигаши одамна се Борец и Вардарски, додека Осогово ќе игра бараж за опстанок во ВМФЛ.
ВТОРА ЛИГА – 30. КОЛО
Брегалница – Башкими 0-1
Македонија ЃП – Беласица 0-0
Борец – Охрид 4-1
Детонит Плачковица – Победа 2-2
Скопје – Каменица САСА 3-2
Кожуф Гевгелија – Новаци 5-1
Осогово – Вардарски 4-0
Вардар Неготино – Арсими 0-4

- На Башкими му се одземени три бода поради спорниот натпревар со Кожуф
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

