Еден од првите фаворити за освојување на првото место во ВМФЛ, Брегалница одигра само реми 1-1 на домашен терен против Кожуф во премиерниот натпревар од новата сезона во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија.
Во дербито на воведната рунда во ВМФЛ на „Билјанини извори“ Охрид и Беласица одиграа без победник 1-1. Детонит Плачковица тргна моќно откако славеше на гостувањето кај Големо Коњаре со 0-4, а до убедлив гостински триумф стигна и Шкендија Арачиново кај Преспа 0-3.
ВМФЛ 1. КОЛО (17 часот)
Скопје – Слога 1934 1-0
Вардар Неготино – Тетекс 2-1
Брегалница – Кожуф 0-0
Новаци – Победа 2-0
Каменица Саса – Осогово 1-1
Преспа – Шкендија Арачиново 0-3
Охрид – Беласица 1-1
Големо Коњаре – Детонит Плачковица 0-4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

