ВМФЛ: Пелистер ја доби Беласица, Гостивар продолжува да гази, Тафа донесе победа за Охрид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер стигнаа до голема победа во борбата за Првата лига, откако денеска на домашен терен славеа со 1-0 над Беласица во натпревар од 10. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Стрелец на победничкиот погодок за „зелено-белите“ беше Никола Наумоски во 43. минута.

Гостивар стигна до нова победа во Втората лига откако денеска беше сигурен на гостувањето кај Кожуф со 0-3. Стрелци на головите за гостиварци беа Стојчевски, Каланоски, Пеев. Детонит Плачковица славеше со 3-2 на домашен терен против Пехчево.

Со минимални 1-0 славеше и Охрид против Каменица Саса со голот на Арбен Тафа во 89. минута од средбата.

Претходно во терминот од 13.30 часот најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар славеше во дербито против Воска со 2-1 и со тоа се врати на лидерската позиција во второто по ранг натпреварување во Македонија.

Утре колото го затвора мечот меѓу Тетекс и Слога Виница.

ВТОРА ЛИГА 10. КОЛО: 

13.30 ЧАСОТ:

ВАРДАР ВОСКА 2-1

14 ЧАСОТ: 

ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА  1-0

КОЖУФ – ГОСТИВАР 0-3

АРЕСИМИ – БЕСА 2-0 

ОХРИД – КАМЕНИЦА САСА 1-0 

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 3-2

БОРЕЦ – КАРАОРМАН 0-2 

30.10.2022 (13 ЧАСОТ) 

ТЕТЕКС – СЛОГА ВИНИЦА 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...