Воска и Гостивар одиграа без голови 0-0 во дербито на 20. коло во Втората фудбалска лига на Македонија и со тоа му дадоа шанса на Вардар со победа утре на домашен терен против Караорман да ја направи можеби и клучната разлика во борбата за место во елитата следната сезона.
Пелистер станува се посериозен во борбата за враќање во елитата. Битолчани денеска на убедлив начин го совладаа Охрид со 3-0. Стрелци за „зелено-белите“ беа Китановски, Фазлиу и Спиркоски. Беласица славеше на домашен терен со сигурни 2-0 против Каменица САСА, додека Детонит Плачковица славеше минимално на гостувањето кај Аресими со 0-1.
ВТОРА ЛИГА 20. КОЛО:
ВОСКА – ГОСТИВАР 0-0
ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 3-0
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – БОРЕЦ 1-1
БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА 2-0
АРЕСИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1
УТРЕ:
ВАРДАР – КАРАОРМАН
СЛОГА ВИНИЦА – БЕСА
ТЕТЕКС – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА