Фудбалерите на Охрид и Брегалница одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот од 7. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија.
Големо Коњари стигна до изненадувачки триумф на домашен терен против Кожуф Гевгелија. До сигурни победи стигнаа Скопје над Вардар Неготино (4-1) и Детонит Плачковица против Победа (3-1). Каменица САСА имаше предност од 3-1 до 90. минута, но на крајот одигра само реми 3-3 против Тетекс.
Утре програмата ќе се затвори со дуелот меѓу Беласица и Шкендија Арачиново.
ВМФЛ 7. КОЛО:
ДЕНЕСКА (04 октомври)
(15.00) ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ПОБЕДА 3-1
(15.00) СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО 4-1
(15.00) ГОЛЕМО КОЊАРИ – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 1-0
(15.00) КАМЕНИЦА САСА – ТЕТЕКС 3-3
(15.00) ОХРИД – БРЕГАЛНИЦА 0-0
(15.00) ПРЕСПА – НОВАЦИ 0-3
(15.00) СЛОГА ВИНИЦА – ОСОГОВО 0-1
УТРЕ (05 октомври)
(18.30) БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

