ВМФЛ: Вардар ремизираше со Детонит, Пелистер славеше над Арсими

Најтрофејниот фудбалски клуб на Македонија Вардар одигра реми 1-1 на гостувањето кај Детонит во натпревар од 3. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Водство за Вардар од 0-1 донесе капитенот Мицевски од пенал во 44. минута, додека конечните 1-1 ги постави Андонов во 69. минута.

Пелистер стигна до триумф на гостувањето кај Арсими со 0-1. Клучниот момент се случи во 64. минута кога три бода за битолчани донесе Саше Дуков.

Гостивар одигра реми на гостувањето кај Беса со 1-1, додека Воска славеше на гостувањето кај Каменица Саса со 0-3.

ВТОРА ЛИГА 3. КОЛО: 

ДЕТОНИТ – ВАРДАР 1-1

КАМЕНИЦА САСА – ВОСКА 0-3

БЕСА – ГОСТИВАР  1-1

АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР 0-1

БОРЕЦ – ТЕТЕКС 1-3

КАРАОРМАН – БЕЛАСИЦА 3-0

ПЕХЧЕВО – СЛОГА ВИНИЦА 0-0

ОХРИД – КОЖУФ 0-0

Се вчитува...