ВМФЛ: Вардар сигурен во „братското дерби“, Гостивар се „лизна“ против Детонит

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар им се врати на победите во Втората фудбалска лига на Македонија, откако денеска во „братското дерби“ славеше на гостувањето кај Тетекс со 0-2. Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа Николовски и Мицевски.

Детонит Јуниор успеа да му откине два бода на Гостивар (1-1) и со тоа да ги врати „црвено-црните“ на врвот на првенствената табела. Воска во локалното дерби славеше над Охрид со убедливи 3-0, додека Пелистер во финишот стигна до победа над Пехчево од 2-3.

ВТОРА ЛИГА 13. КОЛО: 

ТЕТЕКС – ВАРДАР 0-2

ГОСТИВАР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-1

ВОСКА – ОХРИД 3-0

ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) – ПЕЛИСТЕР 2-3

БЕЛАСИЦА – КОЖУФ 3-1

БЕСА – БОРЕЦ 3-0

КАМЕНИЦА САСА – КАРАОРМАН 2-2

СЛОГА ВИНИЦА – АРЕСИМИ 0-0


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...