Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна и до вториот триумф сезонава во Втората македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ во 2. коло славеа на домашен терен нд Охрид со 2-0. Стрелци на головите за Вардар беа Христов во 32. и Јусуфи во 79. минута.
До втората победа стигна и Гостивар кој славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Каменица САСА. Стрелец на голот за победа беше Рамадани во 83. минута. Mаксимална останува и Воска Спорт која стигна до убедлив триумф над Пехчево со 3-0.
Беласица беше убдлива против Борец совладувајќи го со 5-0. Пелистер одигра реми без голови на домашен терен 0-0 против Беса.
ВТОРА ЛИГА 2. КОЛО:
ВАРДАР – ОХРИД 2-0
ПЕЛИСТЕР – БЕСА 0-0
ГОСТИВАР – КАМЕНИЦА САСА 1-0
ТЕТЕКС – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-3
БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ 5-0
КОЖУФ – АРЕСИМИ 1-2
СЛОГА ВИНИЦА – КАРАОРМАН 0-0
ВОСКА СПОРТ – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 3-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА