И покрај сите проблеми и штрајкот кој го имаа во текот на неделата фудбалерите на најтрофејниот македонски клуб Вардар одиграа за себе и за своите верни навивачи „Комитите“ и стигнаа до голем триумф во борбата за пласман во Првата лига следната сезона на домашен терен против Детонит Плачковица со 2-0 во натпревар од 18. рунда во Втората македонска фудбалска лига.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа во 60. минута кога Христијан Вецевски стрелаше за 1-0. До крајот победата ја запечати Цветаноски во 84. минута.
Воска стигна до лесна победа на домашен терен против Каменица САСА од 4-0, додека Гостивар во крајно тензичен натпревар победи со 1-0 со голот од пенал на Петковски против Беса. Пелистер беше сигурен на домашен терен против Аресими со 3-1 и ја продолжи битката со водечката тројка за местата кои следната година водат во „елитата“.
ВТОРА ЛИГА 18. КОЛО:
ВАРДАР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-0
ГОСТИВАР – БЕСА 1-0
ВОСКА – КАМЕНИЦА САСА 4-0
БЕЛАСИЦА – КАРАОРМАН 1-0
КОЖУФ – ОХРИД 2-1
ПЕЛИСТЕР – АРЕСИМИ 3-1
ТЕТЕКС – БОРЕЦ 1-1
(УТРЕ) СЛОГА ВИНИЦА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА