ВМФЛ: Водечките Беса и Пелистер без грешка

Водечките две екипи на табелата во Втората лига Беса и Пелистер, го продолжуваат походот кон Првата лига, и со денешните победи над Арсими односно над Охрид, се чекор поблиску до промоција.

Беса на гостински терен го совлада Арсими со 0-2 со по еден гол во двете полувремиња. Головите ги постигнаа Скендери и Хамза.

Пелистер со 1-0 го совлада тимот на Охрид на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Стрелец на единствениот гол беше ветеранот Благоја Љамчевски. Тимот на Охрид најави жалба за судењето, и дека ќе бара да му се поништи црвениот картон на голманот Серафимов.

Детонит Плачковица ја победи Беласица, и блиску е до третото место на табелата, кое носи пласман во баражот.

ВМФЛ, 25. КОЛО:

Арсими – Беса 0-2

Детонит – Беласица 1-0

Скопје – Тетекс 2-0

Каменица Саса – Новаци 1-3

Караорман – Победа 0-2

Кожуф – Осогово 2-0

Пелистер – Охрид 1-0

Вардар – Башкими 1-0

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...