Во дербито на дното во Втората фудбалска лига на Македонија – Запад, домашниот Генч Калемлер го совлада Гоблен Јуниор со 2-0. Домаќините победникот го решија уште во првото полувреме. Првиот гол го постигна Елмир Алији во 28. минута, а конечните 2-0 ги постави Сунај Хасан во 36.
Со победата Генч Калемлер останува во игра за опстанок во втората лига Запад, додека шансите на Гоблен се сведени на минимум.
Останатите мечеви од 24 рунда во Втората лига ќе се играат утре со почеток во 16 часот.
Standings provided by Sofascore LiveScore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА