Шпанија и Англија играат без голови 0-0 на полувреме во финалето на Европското првенство во Германија кое се игра на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.
И двата тима тргнаа внимателно, па по 15 минути ниту една од репрезентациите не успеа да го загрози голот на противникот. Иако и двете репрезентации пробуваа нешто во следните петнаесет минути се уште ниту еден од двата тима не се закани посериозно, па по триесет минути внимателна игра на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.
Внимателноста во играта го одбележа и следниот период од првото полувреме, а првиот директен удар во рамките на голот на противникот го имаше Англија дури во првата минута од судиското надополнување. Рајс добро центрираше од слободен удар и го пронајде Фил Фоден кој премногу млако биеше кон голот на Унаи Симон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА