Во 2009 му беше идол, 11 години подоцна делат Ф1 подиум (ФОТО)

Во 2009 година, Луис Хамилтон беше Формула 1 ѕвезда која малото момче Алекс Албон имаше прилака да ја запознае. 11 години подоцна двајцата повторно се ракуваа, но во сосема поинаква ситуација. Хамилтон му подаде рака на Албон, но за да му го честита првиот Ф1 подиум во кариерата.

На хаотичното гран-про на тоскана на кое триумфираше пилотот на Мерцедес, младиот Албон во болидот на Ред Бул заврши на третата позиција и го делеше победничкиот пиедестал со шампионот.

 

 

 

Се вчитува...