Во Африка фудбал има, но стадиони нема: Осум земји не може дома да играат квалификации за СП, не исполнуваат ни најминимални услови

Дури осум земји во Африка нема да може да ги играат своите мечеви од продолжението на мундијалските квалификации на домашен терен, зашто стадионите им се „крш“ и не исполнуваат ни најминимални услови за такви натпревари.

Веќе одамна е познато дека африканскиот фудбал е во тотален хаос, а инфраструктурата како од 19-ти век, но досега фудбал се играше секаде, ама Африканската конфедерација (КАФ) сега донесе одлука со која на осум земји им се забранува да играат дома во официјални мечеви.

И тоа се Мали, Буркина Фасо, Средноафриканска република, Џибути, Гвинеја Бисау, Малави, Намибија и Нигер.

Сите овие сега своите мундијалски мечеви како домаќини ќе мора да ги играат на туѓ терен, па така Малави и Намибија ќе бидат домаќини во Јужна Африка, Средноафриканскара реублика во Камерун, Гвинеја Бисау во Мавританија, а Мали, Буркина Фасо, Нигер и Џибути своите мечеви ќе ги играат во Мароко.

Се вчитува...