Манчестер сити славеше вчера со 0-3 на гостувањето против Вулверхемптон во 8. коло од Премиерлигата.
Гол-низата ја продолжи и најдобриот фудбалер на „граѓаните“ Ерлинг Халанд кој погоди и во вчерашниот триумф, со што на осум натпревари дојде до дури 11 гола во Премиерлигата.
Но, Халанд, и покрај тоа што во 16. минута постигна гол за 0-2, очигледно не беше многу задоволен на полувремето. Дека не е расположен се забележа и на директниот пренос кога некоректно ја оттурна камерата од себе, со јасен знак да престане да го следи.
Тој потег не и се допадна баш на англиската јавност, па и на навивачите на Сити, кои веднаш го критикуваа Халанд за таквиот однос кој значи непочитување кон лицата кои само си ја извршуваат својата професионално обврска покрај теренот.
Don’t get in Erling Haaland’s way 🤣
(via @btsportfootball)pic.twitter.com/KShyxiAV2N
— B/R Football (@brfootball) September 17, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

