Во Премиер-лигата нема да има ВАР за пенали

Премиер-лигата нема да го користи ВАР – системот за контрола на движењето на голманите на нивната линија при изведувањето пенали. ВАР во англиската елита ќе биде воведен од претстојната сезона.

Ова правило направи сериозни потреси на тековното Светско првенство за фудбалерки во Франција бидејќи имаше три поништени пенали поради тоа што на голманките не им била барем едната нога на гол линијата. Во Англија одлуката околу ова правило и натаму ќе биде оставена на судиите. Бордот наделжен за судењето на ова прашање ќе се навари во текот на сеозната.

Правилото за најмалку една нога на голманот на линијата при изведување пенал беше воведено кратко пред женското Светско фудбалско првенство. Последна жртва беше селекцијата на Шкотска која беше елиминирана од шампионатот. Шкотските фудбалерки одиграа 3-3 против Аргентина и тоа по повторнен пенал токму поради ова правило. правило.

 

Се вчитува...