Во авион дознаа дека се шампиони… А, потоа „лудница“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Зенит вчера, три кола пред крајот на шампионатот, се закитија со шампионската титула во Русија.

Зенит трофејот го осигура благодарение на поразот на московска Локомотива од Арсенал Тула, па бодот на Зенит против Акхмат беше доволен за шампионска круна.

На враќање од Грозни, фудбалерите на Зенит во авион го слушаа резултатот од Тула. Во моментот кога дознаа дека мечот е завршен со победа од 2-0 на Арсенал почна славјето… „Лудница“ во авион!

 

Се вчитува...