Холандската атлетичарка Медиа Гафур е уапсена, откако полицијата во нејзиниот автомобил пронашла 50 килограми дрога. Атлетичарката е приведена откако врз неа била спроведена рутинска контрола додека патувала на тренинг. Таа негирала дека има недозволени суптстанци во нејзиниот автомобил, но по деталната проверка пронајдени се 50 килограми метамфетамин и екстази.
„Ние сме во шок. Доколку наодите се точни, тоа значи крај за нејзината професионална кариера“, стои во соопштението на холандската атлетска федерација.
Гафур требаше да биде дел од националниот тим на Холандија на Светското првенство во Доха, каде што беше пријавена за штафетната трка на 4×400 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА