Баерн Минхен ги „реши“ проблемите во одбраната со ангажман на репрезентативецот на Англија, Ерик Дајер кој пристигна во Минхен како позајмен играч од Тотенхем до крајот на сезоната, но веднаш потфрли во очите на Германците.
Како што откриваат германските медиуми, Дајер не ги поминал физичките прегледи на Баерн Минхен со добра оцена и е оценет како преспор за настап во Бундеслигата.
Поради тоа нема да добие шанса во Баерн Минхен, поготово не во период кога тимот се мачи со резултати и на крајот на сезоната ќе биде вратен назад во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА