Во Баерн не „цветаат рози“, Кимих лут: Зошто бев сменет? Тоа прашајте го тренерот!

Баерн Минхен и Баер Леверкузен одиграа одличен натпревар во Минхен на „Алијанц Арената“ кој заврши без победник 2-2.

Најважниот детал за германските медиуми се случи во 61. минута кога Томас Тухел се одлучи од игра да го повлече капитенот Џошуа Кимих. Играчот на Баерн ретко кога се нашол во ваква ситуација, а со изјавата после натпреварот само долеа „масло на огнот“.

Тухел кажа дека Кимих има одредени проблеми со повреда и дека ќе игра само 60 минути, и тоа се случи. Но, фудбалерот беше изненаден што беше заменет.

На прашањето на новинарите дали поради повреда бил заменет, тој одговори:

„Морате да го прашате тренерот“, изјави Кимих кој видно беше лут што излезе од игра.

Се вчитува...