Еден од директорите на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд не ја исклучи можноста Алфонсо Дејвис, сепак, да остане дел од тимот и во слендите сезони.
Веќе на големо се шпекулира дека Дејвис има договор со Реал Мадрид и ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, меѓутоа „Баварците“ се убедени дека може да дојде до пресврт.
„Нов договор воопшто не е невозможен. Разговорите се одвиваат позитивно и отворено. Ќе видиме што ќе се случува во следните неколку недели“, изјави Фројнд за иднината на 23-годишниот канадски лев бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА