Во Барса се бесни: Ова е грабеж на ВАР (фото)

Барселона беше целосно надиграна и убедливо поразена со 4-0 од Атлетико Мадрид на првиот меч од полуфиналето од Копа дел реј, но каталонците по мечот не го криеја разочарувањето од огромната судиска грешка на самиот старт од второто полувреме и поништениот гол на Кубарси.

Дефанзивецот најдобро се снајде во една мешаница и го матираше домашниот голман, но потоа следеше пауза од десетина минути по која ВАР на крај го поништи голот поради офсајд.

Шокот беше уште поголем откако беше објавена графиката од ситуацијата, очигледно погрешна бидејќи линиите не беа правилно исцртани (оди преку ногата на играчот кој му додава на Кубарси, сосема доволно за да биде офсајд иако реалната состојба е сосема спротивна).

Доцна синоќа се јави и соопштение, автоматскиот систем за ВАР не бил во можност да ги исцрта линиите поради големиот број играчи на мал простор, па се прешло на принудното решение – судиите во ВАР-собата самите да цртаат линии за да оценат дали било офсајд.

Цртежот е трагикомичен, а во Барса со право се бесни по новиот грабеж на ВАР, по оној во поразот во ла Лига од Реал Сосиедад.

Се вчитува...