Во Барселона доаѓа ѕвезда вредна 180 милиони евра

Во Барселона од следната сезона доаѓа ѕвезда вредна 180 милиони евра, тврди експертот кога е во прашање каталонскиот тим, Решад Рахман.

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао е апсолутно „луд“ за Барселона и цврсто е решен да го облече дресот на овој клуб. Леао посебно нагласил желба за преселба во Барселона откако видел како игра тимот под водство на Ханси Флик.

„Леао сака во Барселона, луд е за тој тим. Верува дека ќе продолжи фудбалски да расте под водство на Ханси Флик. Сака да се придружи на екипата со која може да дојде до големи нешта во кариерата“ – тврди Рахман.

Се вчитува...