Заминувањето на Нејмар од Барселона во ПСЖ се претвори во вистинска сапуница, а тоа делува и на соблекувалната на тимот. Каталонските медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ информираат дека состојбата во тимот е хаотична, иако Барса остварува позитивни резултати на подготовките. Сепак, сите останати фудбалери се чувствуваат како во втор план, поради случувањата со Нејмар.
„Веќе се чувствуваме болни од сите тие приказни. Доста ни е од неговиот циркус. Се надеваме дека оваа ситуација ќе се разреши што е можно побрзо, затоа што може да ни се случи и непосакувана играчка криза“, открива избор од соблекувалната на Барселона за каталонскиот „Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА