Во Барселона стравуваат – повредата ќе го пензионира Умтити?

Францускиот репрезентативец во дресот на Барселона, Самуел Умтити, веќе извесно време е надвор од фудбалските терени поради тешка повреда на коленото. Одбранбениот фудбалер кој летово со Франција ја освои светската титула, се очекуваше да се врати на терен на почетокот од наредната година, но последните анализи се загрижувачки и ја доведуваат во прашање кариерата на 25-годишниот Французин.

Умтити во текот на целата кариера има хроничен проблем со рскавицата во коленото, а според информациите што ги пренесоа шпанските медиуми, состојбата е исклучително сериозна што би можело да донесе и принудна пензија за фудбалерот на Барселона.

Во каталонскиот гигат стравуваат од ваквата состојба во која своевремено беше и Карлос Пујол кој го имаше истиот проблем со коленото и мораше да стави крај на кариерата.

Барселона испрати и официјално соопштение врзано за состојбата на францускиот фудбалер во кој се потврдува дека сосотојбата е серозна и дека Умтити е на лекување во Катар. На 30 декември тој треба да се врати во Барселона и таму да продолжи со рехабилитацијата.

Умтити во Барса стигна во 2016 година од Лион.

Се вчитува...