Во Белгија повторно одложена одлуката за прекин на првенството

Белгиската фудбалска лига повторно ја одложи одлуката за тоа дали предвреме ќе биде завршено првенството поради пандемијата на коронавирусот. Извршниот одбор на Про Лигата предложи конечен прекин на шампионатот со тоа што би се прифатила моментната ситуација на табелата. Клуб Бриж би требало да биде првак, со оглед дека има 15 бода предност во однос на второпласираниот Гент.

Ваквиот предлог треба да биде ратификуван на Собранието на Про лигата, но тоа никако да биде одржано. Првпат беше закажано за 15.април, а потоа и одложено за девет дена подоцна. Но, следеше ново одложување, па Собранието беше закажно за 4.мај, а сега има најнов термин – на 15.мај.

Водството на лигата објави дека ќе биде сочекана одлуката на Телото за национална сигурност на Белгија кое треба да даде предлог за тоа како ќе се одвиваат спортските натпреварувања во наредниот период. Сепак, шансите да продолжи фудбалската сезона се многу мали со оглед дека владата забрани масовни собири до 31. август.

Се вчитува...