На улицата „Кнез Михајлова“ во Белград следната година ќе биде отворен музеј на Новак Ѓоковиќ. Информацијата ја сподели неговиот татко во интервју за РТС.
„Отвораме музеј следната година во центарот на градот. Има огромен интерес и од домашните и од странските туристи, особено од Кинезите. Тој е страшно популарен во Кина“ – изјави Срѓан Ѓоковиќ.
Според најавата музејот ќе го изгради семејството на Ѓоковиќ кое го одржува неговиот бизнис во Србија. Членовите на најтесното семејство ја раководат компанијата која почна со отворање на познатите кафетерии и ресторани со неговото име, потоа компанијата почна да се занимава и со градежништво, а влезе и во бизнисот за производство на вино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА