Во Белград ликвидиран водач на навивачите на Партизан

Во тешко убиство денеска во Белград, е ликвидиран водачот на навивачите на ФК Партизан популарните „Гробари“, Тадија Пантиќ (25). Тој бил застрелан сред бел ден на булевар.

На 25-годишникот му се приближиле двајца мажи на скутер, и го застрелале во главата и во телото, по што веднаш им подлегнал на повредите.

Набрзо се собраа пријателите и семејството на жртвата, а полицијата веднаш почна истрага и трага по виновниците.

Се вчитува...