Во битка за АБА2 плејоф: ТФТ ќе се надева на чудо, Пелистер ја има судбината во свои раце

Со натпреварот помеѓу Горица и ТФТ од 15 часот денеска започнува последниот „балон“ на АБА2 лигата во кој македонските претставници ќе бараат влез во разигрувањето за титула.

Во тој поглед во поповолна позиција е Пелистер кој во турнирот кој ќе биде одигран во Широки Бријег влегува со биланс од шест победи и четири порази, за разлика од ТФТ кој со три победи и седум порази мора да биде на врв на својата задача, да слави во следните три дуели во кои покрај со Горица ќе се сретне и со Борац (08.03) и Хелиос (11.03), а притоа и нема да зависи сам од себе.

Пелистер во последните три меча од регунарниот дел го очекуваат средби со Крка (07.03), Слога (09.03) и Подгорица (11.03) со што „зелено-белите“ ќе се сретнат со два конкуренти за „Топ 8“ финиш и ќе ги имаат работите во свои раце.

Се вчитува...